Преподобен Агапиј
1 март (по стар стил)
Му беше ученик на еден духовник во манастирот Ватопед. Го фатија морски разбојници и го продадоа како роб во Магнезија. После дванаесет години доживеа чудесно ослободување, со помош на Пресветата Богородица. Своите поранешни господари ги крсти и им стана духовник. Остатокот од животот го мина во подвиг, во Ватопед, и мирно се упокои во Господа.