Преподобните маченици Саваити

16 мај (по стар стил)

Во времето на царот Ираклиј, околу 610 година, за верата Христова пострадаа четириесет и четворица монаси од манастирот на свети Сава Освештен, кај Јерусалим. Нивното јуначко страдање го опиша очевидецот свети Антиох (житие под 24 декември).