Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин

10 мај (по стар стил)

Родени браќа, синови на некој кнез Виталиј во Јужна Италија. Прекрасни во благородството, силни во верата. Судени за верата во Христа, водени од еден судија до друг, од еден мачител до друг. Беа одведени во Сицилија и таму убиени во времето на царот Ликиниј. На Алфеј му го отсекоа јазикот. Од излив на крвта Алфеј умре. Филаделф беше изгорен на железна леса, а Кирин во оган. Нивните нетлени мошти беа пронајдени во 1517 година. Овие тројца браќа ѝ се јавија на света Евталија (се слави 2 март).