Блажена Таиса

10 мај (по стар стил)

Богата девојка, христијанка, во Египет. Се реши да не стапува во брак, а имотот им го раздаде на пустинските монаси. Кога го потроши сиот имот, се предаде на развратен живот. Монасите, кога слушнаа за ова, го замолија авва Јован Колов, па тој појде во Александрија и почна да плаче пред Таиса. Штом го чу старецот како плаче за нејзините гревови, веднаш се покаја и ја остави куќата и воопшто сè, па тргна во пустината по светителот. По патот ноќе, кога таа спиеше а Јован стоеше на молитва, тој ги виде Ангелите како ја зедоа нејзината душа во голема светлина. И позна Јован дека нејзиното краткотрајно, но топло покајание Му беше поугодно на Бога од долгогодишното надворешно покајание на мнозина отшелници.