Преподобен Јосиф оптински

9 мај (по стар стил)

Јосиф (Литовкин), јеромонах, (1837-1911) – ученик и наследник на старецот Амвросиј. Образ на големо смирение и незлобивост, имаше непрестајна умносрдечна молитва и се удостои повеќе пати на јавувањето на Божјата Мајка. Уште дури беше жив, повеќе луѓе го видоа озарен со благодатна божествена светлина. Беше човек со длабоко внатрешно делање, кој секогаш го запазуваше срдечното безмолвие.