Света Емилија
8 мај (по стар стил)
Мајката на свети Василиј Велики. Во младоста сакаше доживотно да остане девица, но беше принудена на брак. Роди девет деца и толку ги вдахнови со дух Христов, што петмина од нив станаа христијански светители, и тоа: Василиј Велики, Григориј - епископ Ниски, Петар - епископ Севастиски, Макрина и Теозвија. На старост устрои манастир, во кој живееше со својата ќерка Макрина. Таму се упокои во Господа на 8 мај, 375 година.