Светиот Варвар разбојник

6 мај (по стар стил)

После многубројни злосторства, се покаја и самиот себеси си наложи прво: три години да оди четириножно и да јаде со кучињата, и второ: дванаесет години да живее в шума, без облека, без покрив и без каква и да е друга храна освен трева и лисја. Од Ангел доби известување дека гревовите му се простени. Патуваа трговци низ шумата, па го видоа Варвар оддалеку и мислејќи дека е ѕвер а не човек, ги вперија стрелите и го застрелаа. Кога умираше ги замоли да му јават на блискиот свештеник за него. Свештеникот дојде и чесно го погреба. Но, од неговото тело потече целебно миро и исцелуваше разни болести и маки кај луѓето.