Светите маченици Еспер, Зои, Киријак и Теодул
2 мај (по стар стил)
Во времето на царот Адријан (117-138), незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зои, и нивните синови Киријак и Теодул. Бидејќи беа убедени христијани, никако не сакаа да вкусат од идолските жртви, туку она што им се даваше да го јадат од тие жртви, тие им го фрлаа на кучињата, додека самите гладуваа и трпеа. Кога дозна за ова Катал се разгневи и почна тешко да ги измачува овие свои робови. Најнапред ги мачеше децата, но децата останаа непоколебливи во верата, па дури и бараа од мачителот потешки маки. Најпосле сите четворица ги фрли во огнена печка, во која вознесоа благодарствена молитва и Му го предадоа духот на Господа. Нивните тела останаа цели и неизгорени од огнот.