Светите маченици Борис и Глеб

2 мај (по стар стил)

Синови на великиот кнез Владимир, којшто го покрсти рускиот народ. До Крштението, Владимир имаше многу жени и деца од нив. Борис и Глеб беа браќа од една мајка. Пред смртта, Владимир им ја раздели државата на сите свои синови. Но, најстариот син, Свјатополк, кнез Киевски, посака да ги земе и деловите што им припаднаа на Борис и Глеб. Затоа испрати луѓе, па на едно место го уби Борис, а на друго Глеб. Овие давјца браќа беа необично побожни и во сè богоугодни и ја сретнаа смртта со молитва и со срце воздигнато кон Бога. Нивните тела останаа нетлени и благоухани и беа погребани во Вишгород, каде што до денес од нив исходи благодатна сила, исцелителна за маките и болестите кај луѓето.