Свети Пафнутиј Боровски

1 мај (по стар стил)

Син на татарски големец, кој подоцна прими христијанска вера. Во својата дваесетта година Пафнутиј се замонаши и проживеа во манастирот сѐ до неговата деведесет и четврта година, кога се упокои во Господа. Беше девственик и подвижник, па затоа стана и голем чудотворец и прозорливец. Почина во 1478 година.