Преподобен Стефан епископ Владимирски

27 април (по стар стил)

Ученик на свети Теодосиј Печерски. Едно време беше игумен на Печерската Лавра. Многу се потруди за благочестивото устројство на монашкиот живот и за украсувањето на црквите. Но, ѓаволот распали кај монасите злоба против него, па не само што го симнаа од игуменството туку и го протераа од манастирот. Бог Кој не ги остава праведниците под долга пониженост од неправедните, го устрои животот на преподобниот Стефан така што го избраа за Владимирски епископ. Управуваше со Црквата како Божји архијереј до неговата старост. Мирно се упокои во Господа во 1094 година.