Преподобен Јован Исповедник

27 април (по стар стил)

Игуменот на обителта на Чистите (Катари). Оваа обител беше устроена близу Никеја во времето на царот Јустин, во 6 век. Свети Јован многу пострада во одбрана на иконопочитувањето од царевите Лав и Теофил и заврши во прогонство, околу 832 година.