Преподобен Тома Јуродив

24 април (по стар стил)

Секогаш кога по манастирска работа ќе појдеше во Антиохија, Тома се правеше луд заради Христа. Некој Анастасиј не сакаше да му ја даде побараната милостиња за манастирот, туку му удри шлаканица. Тома му прорече: „Отсега ниту јас ќе примам од Анастасиј ниту Анастасиј ќе може да ми даде!“ По еден ден умре Анастасиј, а Тома се врати во манастирот и издивна. Вака се исполни пророштвото на светиот човек. Свети Тома се престави во Лафна кај Антиохија во времето на патријархот Домин (546–560).