Преподобна Елисавета
24 април (по стар стил)
Во раната младост прими монашки чин во манастирот на светите Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде Бог исцелуваше различни маки и болести кај луѓето. Ноќе на молитва ја видоа целата обвиена во небесна светлина. А нејзините мошти после смртта беа исцелителни, па на гробот притекнуваа мноштво болни и страдалници. Се упокои мирно во 540 година.