Светиот апостол Закхеј

20 април (по стар стил)

Најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во Јерихон (Лк. 19, 1-9), влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј кон покајание. Подоцна тој го придружуваше апостолот Петар, којшто го постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи на Евангелието и мирно се упокои.