Светите маченици Христофор, Теона и Антонин

19 април (по стар стил)

Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога видоа сè што стана, тие излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија, во 303 година.