Светата Матрона Московска

19 април (по стар стил)

Родена е во 1881 година, во сиромашно селско семејство. Родена е слепа. Од раното детство покажуваше дарови на прозорливост и исцеление, ги предвидуваше несреќите и ги предупредуваше луѓето. Во седумнаесеттата година ѝ се одземаа нозете. Во 1925 година се пресели во Москва. Секојдневно Матрона примаше и по педесет луѓе кои доаѓаа при неа со душевни и телесни неволји. Никому не одби да помогне, но ги препознаваше оние кои доаѓаа со зли намери. Се упокои во Господа на 2 мај 1952 година, а погребана е на даниловските гробишта, покрај црквата, по нејзината желба „за да ги слуша службите Божји“.