Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан

18 април (по стар стил)

Сите беа мачени во времето на царот Диоклецијан. Додека не ги видоа маките на светиот великомаченик Георгиј беа незнабошци. Но, кога ги видоа неговите маки и храброста на славниот Христов маченик, сите чудесии што се пројавија во времето на неговото страдање, ја примија христијанската вера за којашто наскоро и самите пострадаа и се овенчаа со слава.