Светиот новомаченик Константин
2 јуни (по стар стил)
Роден како муслиман на осторовот Митилина. Откако беше исцелен со помош на света вода, со што се избави од тешка болест, и откако виде многубројни други чуда на верата Христова, се крсти на Света Гора во скитот Капсокалива. Подоцна им падна в рака на Турците коишто по четириесетдневни маки го обесија во Цариград, на 2 јуни 1819 година.