Светите маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст

1 јуни (по стар стил)

Сите пострадаа во Рим за време на Марко Аврелиј и епархот Рустик. Кога Рустик ги запраша: „Вие мислите дека ако умрете за Христа ќе примите награда на небото?“, Свети Јустин одговори: „Не мислиме, туку знаеме.“ Потоа беа сите обезглавени, во 163 година, и се преселија во вечното царство на Христа Бога.