Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски

22 мај (по стар стил)

Мелхиседек беше свештеник на Севишниот Бог и беше цар на Салим, кој го пресретна Авраама со леб и вино, кога тој се враќаше после победата над царот над Северниот Ханаан, Кедорлаомер, и неговите сојузници. Тој се нарекува цар Салимски, а заедно со тоа и свештеник на Севишниот Бог. Тоа соединување на царското достоинство со свештенството ќе послужи како карактерна одлика на патријархалниот период, својствен и на други народи. Но, заедно со тоа, личноста на Мелхиседек е опкружена со таинственост, бидејќи тој иако не припаѓаше на избраниот род, сепак беше свештеник на вистинската религија и при тоа, толку возвишен, што потоа стана идеал на свештенството, кое стои дури и повисоко од свештенството на Аарона. Во посланието кон Евреите Мелхиседек, кој одеднаш се појавува во библиското раскажување и исто така наеднаш изчезнува, немајќи свештенички родослов, се смета за праобраз на Христа (Евр. 5, 6–10; 6, 20). Светиот пророк Давид го гледа идниот Месија како „свештеник по чинот Мелхиседеков“ (Пс. 109, 4).