Светите маченички Кирјакија (Недела), Валерија и Марија

7 јуни (по стар стил)

Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Беа мачени и убиени во 304 година. Така овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.