Светиот свештеномаченик Астиј - Астериј, епископ Драчки

4 јуни (по стар стил)

Пострада во времето на Трајан. Најпрво го биеја со оловни прачки, а потоа го соблекоа и гол го распнаа на дрво. Телото му го намачкаа со мед за да го касаат осите и стршлените. Славејќи Го Бога, во најголеми маки, свети Астиј издивна и прими два венци: на маченик и на јерарх.