Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, египетски

4 јуни (по стар стил)

Се подвизуваше на Синајската Гора. Дојде по работа во Александрија, и таму беше посветен за епископ Вавилонски, од блажениот патријарх Аполинариј. Пресветол пастир на Христовото стадо. Кога го совладаа староста и уморот, се повлече повторно на Синај, каде што ја предаде душата своја на Бога и прими венец на слава меѓу јерарсите. Живееше и се упокои во 6 век.