Светиот маченик Конкордиј

4 јуни (по стар стил)

Беше голем испосник и чудотворец за време на овоземниот живот. Во времето на царот Антонин беше уапсен заради верата во Христа. После мачење и робија, беше изведен пред камениот идол Диј за да му се поклони. Тој плукна на идолот и заради ова веднаш беше убиен со меч.