Преподобен Елиј

14 јули (по стар стил)

Египетски монах од 4 век. Од раната младост се посвети на монашки подвизи во пустината, така што со својот живот и со моќните чуда предизвика восхит кај мирјаните и кај монасите и иако бегаше од човечка слава, не можеше да се скрие. Имаше големи борби со ѓаволските прелести, особено за време на долготрајниот пост. Ѓаволот му прикажуваше час мед час прекрасни јаболки, но тој не даваше да биде измамен. Имаше дар на прозорливост, гледаше во човечките срца и ја погодуваше сечија страст и помисла не за да го покаже своето таинствено знаење, но за да ги исправи луѓето.