Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит

9 јули (по стар стил)

Како старец од осумдесет и четири години беше мачен за Христа за време на царувањето на Декиј. Го фрлија во оган, но по Божја Промисла беше спасен. Тогаш судијата му изрече ваква пресуда: „Кирил, изведениот од оган, праведниот суд не може да го трпи меѓу живите, затоа наредувам да се убие со меч“. Светиот старец со радост ја подметна главата под мечот и му ја отсекоа, за вечно да живее во Царството Христово.