
Преподобен Леонтиј канонарх печерски
18 јуни (по стар стил)
Преподобниот Леонтиј на рана возраст стапи во Киево-Печерскиот манастир каде што прими монашки потстриг. Имаше прекрасен глас, и кога се изучи во писмото, го исполнуваше послушанието на канонарх. Се претстави доста млад, во XIV век, а заради себеодрекувачкиот подвиг на спасението, од Бога е прославен со благодатниот дар на чудотворење. Неговите мошти се наоѓаат во далечните пештери.