Преподобен Стефан Саваит

13 јули (по стар стил)

Братучед на свети Јован Дамаскин. Се подвизуваше во манастирот на Свети Сава Осветен, по што и е наречен Саваит. Голем подражавател на животот на свети Сава и блескава ѕвезда меѓу палестинските монаси. Се упокои во Господа во 794 година, во шеесет и деветтата година од животот.