Преподобна Сара Египетска
13 јули (по стар стил)
На подвиг тргна како девица и шеесет години се подвизуваше на брегот на реката Нил, недалеку од Александрија. Со својот пример привлече кон монаштвото многубројни жени. Се упокои во Господ во 370 година.