Светиот маченик Зосим

19 јуни (по стар стил)

Римски војник во времето на царот Трајан. Храбро ја исповедаше својата вера во Господа Иисуса Христа, за што претрпе тешки маки. Сред мачењето слушна глас од небото: „Држи се, Зосиме и крсти се. Јас сум со тебе!“ Во затворот му се јавуваа ангели Божји. После мачењата беше расечен со секира, во 116 година.