Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински

18 јануари (по стар стил)

Син на српскиот деспот Стефан и преподобната мајка Ангелина. Замонашен во манастирот Манасија. Притеснет од Турците, побегна во Романија, каде што го посветија на испразнетиот престол на архиепископот Влахозадпланински. Ги помири раскараните војводи Радул и Богдан и ја спречи војната меѓу нив. На постари години се врати во Крушедол, каде што подигна манастир, и каде после подолг подвиг се упокои на 18 јануари 1546 година. Неговите нетлени и чудотоворни мошти и денес почиваат во тој манастир.