Светите маченици Спевсип, Елевсип, Мелевсип и нивната баба Леонила и со нив Неон, Турвон и Јовила

16 јануари (по стар стил)

Пострадаа за Христа во времето на царот Марко Аврелиј (161–180), во Франција. Тие беа тројца близнаци. Најпрво христијанка беше само Леонила, а нејзините внуци без незнабожци. После долги советувања од страна на благочестивата Леонила и од месниот свештеник, овие тројца браќа се крстија. Откако се крстија, почнаа да ревнуваат за својата вера со сиот младешки жар и во таа ревност појдоа, та ги испокршија сите идоли по целата околина. Обвинети и изведени на суд тие го признаа своето дело и јавно ја исповедаа својата вера во Христа. Судијата ги фрли во затвор, па ја повика нивната баба Леонила и ја упати и таа да оди во затворот за да ги посоветува нејзините внуци да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите. Леонила молчешкум појде во затворот, но наместо да ги советува внуците да се одречат од вистинската вера, таа почна да ги храбри да не се колебаат да истраат докрај во маките и да умрат за Христа. Кога судијата повторно ги испита и ја виде нивната уште и засилена непоколебливост во верата, ги осуди на смрт. Сите тројца беа најнапред обесени на едно дрво на кое висеа „како жици на гусли“, потоа ги биеја и најпосле ги изгореа. Една жена, Јовила, восхитена од нивната храброст повика: „И јас сум христијанка!“ Веднаш ја фатија и заедно со старицата Леонила ги убија со меч.