Светиот маченик Пансофиј
15 јануари (по стар стил)
Син на александриски проконзул. Ги напушти чинот и богатството и како млад се замонаши. Се подвизуваше тврдо дваесет и седум години и го воздигаше својот дух кон вишниот свет. Во времето на Декиј, беше довлечкан на суд и биен за името Христово, сè дури во големи маки не ја предаде својата душа на Бога.