Преподобен Максим Капсокаливит

13 јануари (по стар стил)

Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин. Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд, сè додека на Света Гора не дојде свети Григориј Синаит, којшто во Максим откри единствен подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се претстави кај Господа во 1320 година.