Светиот маченик Петар Авесаламит

12 јануари (по стар стил)

Родум од Елефтеропол во Палестина. Како млад пострада за верата во Христа, во времето на царот Максимин, во 311 година. После многу маки го осудија на смрт. Кога ја сослуша смртната пресуда радосно извика: „Тоа е мојата единствена желба, да умрам за Христа!“ Го распнаа на крст и како и Самиот Господ издивна на крстот.