Свети Маркијан

10 јануари (по стар стил)

Роден во Рим, но како презвитер проживеа до крајот на својот век во Цариград, поголемиот дел за време на царувањето на Маркијан и Пулхерија. Откако наследи големо богатство од родителите, тој целото го потроши за обновување и изградба на храмови и милостина на сиромасите. Изгради две нови цркви во Цариград, прочуени по убавината и светоста: Света Анастасија и Света Ирина. Кога го прашаа зошто толку многу троши за црквите, одговори: „Кога би имал ќерка и би сакал да ја омажам за некој благородник, зарем не би потрошил многу злато, за да ја украсам како достојна невеста? А овде ја украсувам Црквата, невестата Христова“. Колку, пак, овој прекрасен маж беше милостив кон црквите и кон сиромасите толку беше тврд и премногу строг кон самиот себеси, следејќи го советот апостолски: А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни (1 Тим. 6, 8). За него пишува: „Сиот беше во Бога и Бог беше во него и се претстави кај Господа исполнет со години и добри дела“, во 471 година.