Преподобен Серафим Саровски

2 јануари (по стар стил)

Еден од најголемите руски подвижници, прозорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се претстави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, тој за себе велеше „кутриот Серафим“.