Преподобен Амон

2 јануари (по стар стил)

Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот, во Горен Египет. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и прозорливост. Кога еден монах го праша за совет, преподобниот му одговори: „Биди сличен на престапник во затвор, па како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде судијата, така и ти прашувај се со страв“.