Преподобните Марко Гробар и Теофил Плачлив

29 декември (по стар стил)

Киевопечерски монаси. Свети Марко имаше толкава благодат што им заповедаше на мртвите и тие го слушаа. „Почекај, брате, до утре, зашто гробот не ти е готов,“ му рече на еден упокоен монах којшто беше веќе измиен и опеан, и монахот ги отвори очите и беше жив до другиот ден. Теофил, пак, непрестано плачеше за своите гревови. Своите солзи ги пролеваше над еден сад. Пред смртта му се јави ангел и му покажа еден поголем сад исполнет со солзи. Тоа беа солзите на Теофил, оние што паднале на земја или ги истрил со раката или му се исушиле на лицето. Така на небото се знаат и се чуваат сите наши солзи, како и сите маки, трудови и воздишки за спасението. Овие Свети Божји слуги се упокоија во 11 век.