Преподобен Маркел

29 декември (по стар стил)

Од Апамија Сириска. Игумен на обителта на Неспиештите во Цариград. Прозорливец, исцелител и голем чудотворец. Разговараше со ангелите, лесно ги победуваше и ги изгонуваше демоните. По смртта му се јави на својот собрат свети Лукијан и му рече дека Го измолил Бога и него да го земе наскоро во Царството Небесно. Овој свет и славен маж се упокои во 486 година.