Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани

27 декември (по стар стил)

Браќа по тело, родум од Палестина, добро образувани во и светската мудрост, и во духовната. Монаси во обителта на свети Сава Осветен, потоа и презвитери. Луто пострадаа за иконите во времето на тројца цареви: Лав Ерменин, Михаил Валвос и Теофил. Безумниот Теофил ги тепаше со свои раце и нареди, па на лицата со железо им втиснаа шегобијни стихови, заради што ги нарекоа Начертани. Ги фрлија во затвор во градот Агапија Витиниска. Овде Теодор умре во маки и во рани. Теофан го ослободија во времето на Теодор и Михаил, а патријархот Методиј го постави за митрополит Никејски. Свети Теодор се упокои во 833 година. Овие прекрасни браќа пострадаа за Христа од Кого добија награда според љубовта, во бесмртното Царство Негово.