Светите десет маченици на Крит

23 декември (по стар стил)

Пострадаа за Господа Христа во времето на Декиевото гонење, во 250 година. Нивните имиња се: Теодул, Сатурнин, Евпор, Геласиј, Евникијан, Зотик, Помпиј, Агатопус, Василиј и Еварест. Сите беа угледни и чесни граѓани, најдобри меѓу најдобрите. Кога ги изведоа на губилиштето, тие беа многу радосни и се препираа кој од нив да биде убиен прв, зашто секој сакаше прв да појде кај Христа, Когошто тие Го љубеа. Потоа се помолија: „Прости им, Господи, на слугите Твои и прими ја пролеаната крв наша за нас, за нашите роднини и пријатели и за целата татковина, за да се ослободат сите од темнината на незнаењето и да Те познаат Тебе, вистинската светлина, о вечен Цару!“