Светата маченичка Теодотија со трите деца

22 декември (по стар стил)

Кога остана млада вдовица со три деца, Теодотија целосно се предаде на служба на Бога. Децата ги воспита благочестиво. Кај неа живееше светата Анастасија, кога беше во Македонија, и заедно со неа ги обиколуваше Христовите заробеници по затворите. Кога ја изведоа на суд, света Теодотија бестрашно Го исповедаше Господ Исус Христос. Тогаш ја испратија кај антипатот витиниски Никитиј. Еден бесрамен незнабожец сакаше да ѝ го допре телото, но одеднаш здогледа пред неа ангел Божји, којшто го удри и не му дозволи. Света Теодотија беше осудена на смрт и фрлена во вжарена печка заедно со нејзините три деца. Чесно го завршија животот на земјата и отидоа во Царството на вечната слава.