Светиот маченик Темистоклиј

21 декември (по стар стил)

Како млад беше овчар и чуваше овци во некое поле близу градот Мира Ликиска. Во тоа време мачителите на христијаните го гонеа свети Диоскор, па наидоа во полето на Темистоклиј и го прашаа дали го видел гонетиот и знае ли каде се крие. Иако знаеше, Темистоклиј не сакаше да признае, но им рече за себеси дека е христијанин. Го мачеа и го убија во времето на императорот Декиј, во 251 година.