Преподобен Илија Муромец

19 декември (по стар стил)

Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака, до сега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва. Во периодот на борбата со расколот на старообредничеството овој факт од житието на светиот служел како силен доказ за прекрстувањето со три прста. Некои сметаат дека преподобниот Илија и рускиот епски јунак Илија Муромец се исто лице.