
Свети Марут
16 февруари (по стар стил)
Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотината маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие свети мошти. Во тој град се упокои и самиот, во 422 година, и замина кај Господ.