Света Калија

12 февруари (по стар стил)

Беше со дарежлива рака кон бедните и со чисто христијанско милосрдие, и како девојка и подоцна како мажена жена. Нејзиниот маж беше богат, но шкрт. Кога еднаш се врати од службен пат виде дека жена му го раздала сето негово богатство на сиромасите. И ја уби. Но, Бог ја прослави оваа милосрдна душа на тој начин што од нејзините мошти подоцна се исцелија мнозина болни. Откако се увери во ова, патријархот Антониј подигна манастир врз нејзините мошти.