Светиот пророк Захарија

8 февруари (по стар стил)

Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од ослица и предавството на Јуда за триесет сребреници, како и бегањето на апостолите од Христа во времето на Неговото страдање – „ќе удрат по пастирот и овците ќе се разбегаат“ (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува и Срповидец, зашто во визија виде срп како слегува од небото за да ги покоси неправедните, особено крадците и хулителите на Божјото име. Се упокои во последната година од царувањето на Дариј Хистасп, околу 520 година пред Христа.