Преподобна Мастридија

7 февруари (по стар стил)

Живееше во Јерусалим во строг подвиг. Еден млад човек се загледа во неа и почна да ѝ здодева. За да се спаси и себеси и тоа момче од грев, Мастридија зеде едно лонче со малку наквасен грав и се оддалечи во пустина. Во пустината помина седумнаесет години и за сето тоа време, со Божјата благодат, не ѝ снема грав ниту ѝ оветве фустанот. Се упокои мирно околу 580 година.